Ако сметавте дека овие производи се здрави, тогаш навистина сте се излажале
Кога сме на диета, честопати посегнуваме по некои „здрави“ намирници, тешејќи се дека ќе внесеме помалку калории. Но, тоа не е секогаш така. Еве кои производи мислиме дека се здрави, но всушност тие имаат многу калории.
Готови салати
Брзате, но сакате да се храните здраво, па посегнувате по готова салата… Познато ви е? Можеби зеленчукот е здрав, но додатоците како мајонез, масло и слично ви додаваат многу калории.
Енергетски плочки
Овие плочки помагаат ако ви недостига енергија, но ви додаваат и вишок калории, особено ако ги одберете оние со додатоци, како што се чоколадо, сируп или шеќер. Најдобро е сами да си направите енергетски плочки, бидејќи така ќе може да ги контролирате состојките.
Сосови за тестенини
Секако познато ни е дека доматот нуди големи предности за организмот, но кога станува за конзервирана верзија на доматот, треба да имаме предвид дека тука се додаваат шеќери, конзерванси и засилувачи на вкусот. Па, не звучи толку здраво, зар не?