Реклама
Вирално

Марио го прослави шестиот роденден и ги живее последни часови: „Не плачи мајко, не плачи татко, не плачи сестричке мила. Изморен сум од овој живот луд“

Реклама

„Не плаши се, мал ангелу, тоа само ти растат крилја!“

Фото: Фејсбук

Малиот Марио Чех деновиве го прослави својот шести роденден. Но за разлика од родендените на неговите врсници, Марио од раѓање речиси постојано е во болница па така и овој роденден го прослави таму.

„Не плачи мајко, не плачи татко, не плачи сестричке мала, ме измори овој живот луд, како најголем воин ги газам скалите, така е напишано некаде, но моите страници се уште не се испишани до крај, затоа не потклекнувајте туку гордејте се… Животот е толку кревок, толку полн со изненадувања, никогаш не знаеш што ти носи утрешниот ден и затоа клекнете пред Небескиот свод и дајте ми да здивнам. Верувајте во чуда, бидејќи ЈАС СУМ ЧУДО“, пишува мајката на малиот Марио Кристина Чех Ујдур на социјалните мрежи.

Маркетинг

Приказна за ова храбро момче кое лавовски се бори започна пред точно шест години кога се роди во болницата Свети дух.

По три дена откако се роди беше пуштен од породилното како здраво бебе, но п еден месец се врати во критична состојба. Веднаш се најде во кардиореспираторното одделение, но на почетокот докторите не можеа да ја утврдат причината за неговите здравствени проблеми.

Маркетинг

Бебето беше реанимирано повеќе пати, па по селење од една болница во друга, од страна на докторите конечно беше утврдено дека боледува од бронхитис и атипично вирусно воспаление на градите.

Момчето е во болница откако се роди

Но неговата состојба постојано се влошувала додека престојуваше во болницата. Поради срцевата мана (ВСД) која му беше пронајдена, дишењето му беше отежнато до таа мера што речиси од самото раѓање помина повеќе месеци во болницата на респиратор и осцилатор.

Додека престојуваше во болницата на Марио му откажа и џигерот и бубрезите па три дена помина на дијализа, а за целото време додека престојуваше во болницата беше успиен и под силни лекарства. Потоа на прегледот во болницата Ребро КБЦ во Загреб откриен му е ВСД на срцето, па помина операција на подврзување на градната аорта, а потоа и операција затворање на ВСД-то на срцето.

Марио остана 100 % инвалид и зависен од туѓа помош

Марио уште неколку дена треба да биде во болницата. Неговата мајка Кристина објавува детали од борбата за живот на нејзиниот син. Таа на неговиот роденден објави на социјалните мрежи дека Марио уште неколку дена ќе биде во болница, а потоа ќе биде пуштен крајот да го дочека дома, во својот кревет, опкружен со најблиските.

„Денес му е роденден, толку голем ден, а јас солзите од лицето не можам да ги сопрам… Марек уште неколку дена ќе биде во болница и ќе го пуштат дома крајот да го дочека дома, во својот кревет меѓу најмилите…“ напиша пред неколку дена неговата мајка Кристина на својот профил.

Во болницата првите роденденски честитки ги доби од вработените

Го пофалија и сестрите и техничарите кои го облекоа во костум и му напишаа честитки, а потоа и ја украсија неговата соба за шестиот роденден.

„Капата до подот за Јил, капата до подот за сестрите кои се потрудија и ги напишаа честитките, капата до подот за сестрите и техничарите кои го облекоа.. им симнувам капа до подот“, напиша тажната мајка н својот Фејсбук под фотографиите од малиот славеник

„Им се заблагодарувам од се срце на болницата и без разлика на силните состаноци се извинуваме јавно, ете тешко ни беше да сместиме во нашите глави дека Марек е исцрпен, дека ги искористиле сите можни начини и дека за жал нема спас. Некако се фаќавме за сламка, имаше тука и бурни реакции и лутење и лоши комбинации измеѓу одделението и нас, но денес ни е појаснето и колку и да се подготвува човек никогаш не мое да биде подготвен… Префрлен е на одделение, пулсот му е 48, повторно спие и се надеваме дека нема да има повик од болницата… Секоја чест на Јил кој му ги напиша прекрасните пораки за роденден“, објави Кристина.

„Во многу битки победи, многу дијагнози прегази, верувај ми сине мој, мајката твоја душата да ја исплаче не може… толку сум горда на тебе што можам книга да напишам, учителу мој, ти благодарам на секоја секунда, на секој здив, на секоја аспирација, инхалација, непроспиени ноќи, на твоето постоење… Ти беше чудо од самиот почеток, и нема зборови со кои би можела да те опишам… Достоинствено се бориш, и многу можат само да се посрамотат пред твојот лик… Небото го замолив да ти шепне колку сум среќна што мене ме избра како мајка твоја.. те сакам насмевко моја најмила“.

„Се поклони мама на твојата храброст, на твојата величествена борба, клекна твојата мајка пред Небескиот свод. Го добив одговорот, сигурна сум дека денес сонуваш најубаво мој ангеле…“ пишува тажната мајка на Фејсбук.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button