Познатата пејачка во осми месец од бременоста објави поприлично провокативна фотографија и го запали Инстаграм
Познатата русокоса направи неверојатна трансформација
Николина Ковач ги изненади своите бројни фанови со новите фотографии што ги објави на социјалните мрежи.
Имено, пејачката и во осми месец од бременоста е мошне активна и постојано споделува фотографии на Инстаграм.
Таа не ги крие убавите моменти од животот и ги дели со своите верни обожаватели, а овој пат ги изненади сите.
Познатата русокоса пејачка реши да го промени имиџот, па така на новите фотографии има долга црна коса.
Облечена во црна кожена јакна, црна перика и со весник кој го покрива трудничкиот стомак таа ги воодушеви сите.
И додека едни не ја препознаа во ова издание, други ја пофалија дека изгледа феноменално и дека воопшто не и се познава дека е во осми месец од бременоста.
Николина очигледно знае како да ужива во бременоста, а тоа можеме да го видиме и од следниве фотографии.