Турскиот милијардер Садетин Саран пред неколку месеци ја остави Емина поради друга жена, актерката Јелиз Шар.
Но по кратката романса со неа, милионерот повторно тропна на вратите на Емина, а таа реши да му го прости неверството.
Оваа информација неодамна ја објавија турските медиуми кои постојано пишуваат за нивната врска. Парот наводно се разделил при крајот на минатата година, откако неколку месеци поминале заедно. Причините за тоа биле непремостливите разлики помеѓу нив како и различните погледи на иднината – Емина не сакала повторно да навлезе во брачните води, а тоа му пречело на бизнисменот. Но сега се појавија нови информации…
Имено, како што пренесува еден познат турски портал, Садетин ја оставил Емина поради друга девојка. Во прашање е убавата турска актерка Јализ Шар со која бил неколку месеци во тајна врска при крајот на минатата година, и покрај тоа што бил вљубен во Емина.
Токму затоа и решил да и се врати на пејачката, а бидејќи и Емина има емоции кон него, решила повторно да му ги отвори вратите.