Познатата пејачка Ана Бекута деновиве објави фотографија и се потсети на својата школска пријателка
Можеби не сте знаеле но вистинското име на познатата фолк- пејачка Ана Бекута е Надежда Нада Полиќ. Таа веќе со години важи за една од нaјсексапилните баби на естрадата, а со својот изглед се уште привлекува внимание каде и да се појави.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија стара преку четири децении на која позира со школска пријателка.
Бекута на фотографијата има само 15 години, а под неа напиша „Се во мојот живот стекнав сама“.
Од фотографијата ретко кој би ја познал пејачката што е сосема разбирливо кога се толку многу години во прашање, но како што вели еден нејзин обожавател на социјалните мрежи: „Дама се раѓа, а не се станува“.