Цеца рекордер со хонорарот за Нова година – еве колку ќе заработат и другите пејачи
Ќе се изненадите од тоа колкави ќе бидат хонорарите на балканските ѕвезди за новогодишната вечер
И оваа година најплатена ќе биде Цеца која по настапот за Нова година ќе биде побогата за 80.000 евра.
Со неа ќе настапува и Слоба Радановиќ кој ќе ги зголеми сметките на своите банкарски картички за 15.000 евра. Тие ќе настапат заедно во еден познат белградски хотел, а оние што ќе сакаат да ги слушаат и гледаат од првите редови ќе треба да издвојат од 180 до 200 евра.
Познато е дека Ражнатовиќ и Радановиќ се во добри односи и дека пејачката го поддржува својот колега, па не е изненадување тоа што се согласила да настапи заедно со него за новогодишната вечер.
Од друга страна и Марија Шерифовиќ и Алексндра Пријовиќ исто така може да се пофалат со високи хонорари. Марија има „тезга“ за Нова Година од 45.000 евра, а Александра за 10.000 помалку, односно 35.000 евра.
Дарко Лазиќ и Џани, ќе земат по 30.000 евра, а за новогодишната ноќ тој ќе пее со двете колешки Слаџа Алегро и Дара Бубамара кои ќе земат по 20.000 евра, изјавил извор добро упатен во овој бизнис..
Инаку, во Скопје оваа година за Нова година ќе настапи Дино Мерлин. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го најави неговиот новогодишен концертна плоштадот Македонија како нешто што долго време ќе го паметат присутните.
Инаку, Дино Мерлин важи за еден од најплатените пејачи во регионот, а неговата цена се движи околу 100.000 евра.