На журката на Богдана Родиќ нема да присуствуваат Вељко и неговата сестра Анастасија Ражнатовиќ
За лудата забава се погрижија пријателките на Богдана која е во блажена состојба. Тие сакаат моминската вечер да биде совршена, па затоа решија работите да ги преземат во свои раце. Тие изнајмиле вила за која платиле 1500 евра, и тоа за само еден ден, а ќе имаат и ди-џеј, храна и пијалаци за кои исто така ќе треба да издвојат повеќе од 1000 евра. Потоа ако ги додадеме и трошоците за декорација, вкупната сума што ќе ја потрошат пријателките на Богдана многу лесно би можела да премине и преку 5000 евра, пренесе Ало.рс.
Во прашање е луксузна вила која пејачите често ја изнајмуваат за снимање спотови, а за организација на моминската вечер задолжени се сестрите на Богдана, Наташа и Бојана, идната кума и нејзините најдобри пријателки.
Анастасија нема да присуствува на моминската вечер поради професионални обврски иако има добиено покана. Таа ќе и помага на Богдана во организацијата на венчавката, додека Цеца ќе биде задолжена за музиката.