Грците ќе пукнат од мака – се изигра најголемото македонско оро во Австралија, а се вееше и Сонцето од Кутлеш (видео)
Деновиве во Австралија се изигра најголемото македонско оро
Деновиве во организација на Македонско австралиска организација на заедницата во Мелбурн, Австралија, се одржа Фестивалот на македонската храна.
Во прашање е традиционален македонски фестивал кој оваа година се одржува осми пат по ред, а на кој покрај македонската традиционална кујна гостите можеа да уживаат во богатата културно уметничка програма. Фестивалот е важен како настан на кој Македонците што живеат во Австралија можат да ја покажат својата култура, идентитет и традиција, а гостуваа и бројни македонски културно уметнички друштва од цела Австралија и Македонија.
На фестивалот Македонците заедно со своите гости го изиграа и најголемото македонско оро во Австралија.
По фестивалот, познатиот австралиски весник Шампион fairfieldchampion.com.au објави цела сторија за младите македонски игроорци од културното уметничко друштво Илинден од западен Сиднеј.
На насловната страница осамна насловот „Македонците горди на својот идентитет“, како и бројни фотографии на кои се гледа знамето со Сонцето од Кутлеш кое го претставува етничкото знаме на Македонците кое се употребува насекаде каде што живеат етнички Македонци.