Реклама
MAMAКафе муабет

Молитви кои ќе ви помогнат да го пребродите денот, колку и да ви бил тежок

Реклама

Прочитајте ги овие молитви кои ќе ви помогнат да го пребродите денот, колку и да ви бил тежок.

ФОТО: aleteia.org

Молитва 1

Вечен Оче,

би сакал вечерва да се одморам во Твоето срце.
Ти го покажувам секое отчукување на моето срце,
со својата љубов која ја носам за тебе.
Иако сега одам да одморам,
Те молам прости им на оние души кои те навредиле.
Те молам да се смилуваш на целиот свет,
посебно на оние кои прават гревови.
Ти го предавам сето свое битие и секое отчукување на своето срце,
Амин.

Маркетинг

Молитва 2

Господи, услиши ме!

Од желбата да бидам величен, ослободи ме, Исусе.
Од желбата да бидам сакан,
од желбата да бидам славен,
од желбата да бидам прв,
од желбата да ме прашаат за совет,
од желбата да биам пофалуван,
од стравот да не бидам понизен,
од стравот да не бидам наклеветен,
од стравот да не бидам заборавен,
од стравот да не бидам исмеван,
од стравот да не бидам осомничен.
Исусе, подари ми милост да посакам другите да бидат посакани од мене,
другите да бидат попочитувани од мене,
другите да бидат избрани, а јас да бидам оставен на страна,
другите да можат да имаат предност пред мене,
а јас да бидам онаков каков што Ти сакаш, Господи.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button