Познатиот актер го коментираше случувањата околу не добивањето датум за преговори со ЕУ.
Еве што напиша тој на социјалните мрежи, но и едно видео во кое нуди решение како да се избавиме од ваквото беспаќе во кое се најдовме благодарение на нашите „лигуши и лудаци“.
„Да веруваш дека во моќните колонијални држави како Франција, Британија, по ново и САД, на власт дошле случајни типчиња, малку чукнати и незрели, треба да си тотално скаран со логиката, минатото, сегашноста и фактите.
Лесно се заборава дека гласот на Макрон е глас на Франција, на кројачите на нејзината надворешна политика. Франција сака да се наметне во врвот на ЕУ. Покажува мускули. Нејзино право. Макрон не е незрел бабо*бец, напротив, со години е подготвуван да ја преземе ФРАНЦИЈА. Зад него стојат моќни француски политички финансиски и воени структури. Ние сме тука колатерална штета. Да простите, на таквото не не ставаат. Ниту пак им значиме нешто. Престанете да си ласкате и да се пувате дека некому сме важни во тоа братство. Не проаѓаме. Точка.
Во таа приказна, незрелите сме ние. Не сме ни во ран пубертет, туку сме заглавени во онаа фројдовски кажано, ан*лна фаза. Опседнати со сами себе и само во корист на својот з*дник. Погледнете, веќе кај никој не постои срам што не ги исполнил ветувањата, одат на избори и очекуваат да победат. Другите не знаат кому побрзо да се додворат кај странскиот фактор, за да се вратат на власт, наместо да ги исчистат своите редови од ѓубрињата кои ги девалвираа во јавноста.
Борба за гола моќ и власт. Ништо друго. Затоа влегоа со полни гради во изборна трка, шест месеци пред изборите. Тие ќе митингуваат, ние ќе мизеруваме во нивната мизерија. Така, изборите пак ќе се сведат на меч меѓу двата најголеми партиски табори. Нормалните ќе седат на страна и ќе им се потсмеваат, со мачнина во стомакот, дека тие лудаци и лигуши на крајот секогаш се смеат најслатко.“