Пејачката остана без својата мајка кога имаше само 19 години – Рада Манојловиќ ги расплака фановите со својата приказна
И покрај тоа што поминаа 15 години, болката поради загубата се уште е присутна и нема никогаш да помине.
Рада Манојловиќ остана без својата мајка Мирјана пред 15 години, кога таа ја изгуби битката со тешката болест.
Пејачката тогаш имала само 19 години и тоа за неа беше најтешкиот и најболниот период во животот.
Таа и денес се сеќава и тагува за својата мајка Мирјана, а своевремено објави и стара семејна фотографија со емотивна порака со која ги растажи своите обожаватели. „Таа заслужува да знаете како изгледаше и колку била убава. Мојата убавица, мојот херој и ангел“, напиша тогаш Рада.
Пејачката отворено зборуваше и за тоа како се чувствувала кога дознала дека нејзината мајка боледува од тешка болест.
„Моментот кога дознав дека мама боледува од опасната болест за мене беше најтешкиот во животот. Се молев на Господ да оздрави, да и даде сила и верував дека ќе успее да го победи ракот, но за жал, Бог сакаше да биде поинаку. Таа не напушти во 2004 година, а јас се до последен момент бев со неа. Тешко ми е да зборувам за тоа бидејќи тоа се болни моменти за мене и тие слики нема никогаш да ги заборавам, изјави познатата пејачката за порталот „Глоси“.
Таа притоа додаде и дека нејзината мајка сакала да успее во пеењето и дека потполно верувала во неа.
„За сето она што го постигнав во животот и го должам на неа“, изјави познатата пејачка во нејзиното интервју.