Јарците се сериозни, одговорни, независни и одлучни луѓе. Нивните лични карактеристики можат да имаат големо значење за интензитетот на овие својства кај различните јарци, но како и за секој знак, и за овој има заеднички работи кои се среќаваат кај повеќето родени во тој период.
Јарците се луѓе на кои можете да се потпрете, но сепак страдаат од промени во расположението кое може да варира од голема еуфорија до напади на депресија. Во повеќето ситуации, тие вешто ги маскираат овие конфликтни расположенија во јавност. Само најблиските од семејството и пријателите можат повремено да го забележат нивниот внатрешен немир.
Под владеење на Сатурн, тие веруваат дека вистинскиот успех лежи во напорната работа и бруталната истрајност што е еквивалентно на крв, пот и солзи. Трудот којшто треба да се вложи е вистински потценет. Најголемиот предизвик со кој се соочуваат луѓето за да најдат заеднички јазик со овој кардинален земјен знак е да бидат експерти за тргање на емоциите настрана. Фразата „бизнис е бизнис“ веднаш паѓа на памет. Во нивните очи да се биде реален е приоритет. Ако сакате некој да биде слаткоречив и да ви ги олесни работите – бегајте подалеку од овој знак.