Дали бракот на Карлеуша е на стаклени нозе
Познатата пејачка Јелена Карлеуша беше на сите насловни страни откако во јавност се појавија нејзините „пикантни“ фотографии, но и пораките што му ги испраќала на босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Но по овој бурен период пејачката замина во Кина кај својот сопруг каде помина некое време за да се сокрие од медиумската хајка. Таа потоа објави и неколку заеднички фотографии за да покаже дека нејзиниот брак не е во криза, а набргу им се врати и на своите работни обврски.
Но и покрај тоа што пејачката упорно се обидуваше да покае дека нејзиниот брак ќе опстане и покрај кризата во која што се најде по своја вина, деновиве повторно почнаа да се шират гласините дека односот помеѓу неа и фудбалерот Душко Тошиќ е на стаклени нозе.
Ваквите шпекулации станаа погласни особено откако Душко реши повеќе да не ја следи својата сопруга на Инстаграм, но и да ги отстрани нивните заеднички фотографии од неговиот профил на оваа социјална мрежа.
Поради ова некои медиуми објавија дека емотивната врска помеѓу нив е готова, барем судејќи според ваквите потези. Карлеуша врати со иста мера и повеќе не го следи Тошиќ, но некои заеднички слики со децата се уште не ги тргнала.
Сепак, ова не е прв пат медиумите да шпекулираат дека Карлеуша и Тошиќ се разведат. За кризата во нивниот однос се пишуваше и порано, по скандалот со Огњен Врањеш, но Душко тогаш реши да остане со неа.
Тие се во брак 11 години и имаат две ќерки Ника и Атина.