Ќе се изненадите од ова издание на Дани
Нашата позната рок пејачка Дани Димитровска неодамна не изненади со својата нова фризура.
Таа реши да го напушти таборот на русокосите девојки и ги бојадиса русите прамени во светло розови нијанси, па се уште ни е тешко да процениме која боја и стои подобро.
Но она во што сме сигурни е дека Дани Димитровска со оваа фризура изгледа неодоливо. На крајот на краиштата ако русокосите девојки најдобро се забавуваат, а за црвенокосите важи правилото дека се страсни, тогаш оние со пинк фризура очигледно имаат и од двете по нешто.
Шегата на страна, Дани овој пат не изненади и со својот одличен моден избор. Имено, таа на една од своите последни фотографии позира во преубав кариран фустан, со асиметричен дезен. Фустанот потполно се вклопи во приказната со бојата на нејзината коса, а целото издание го заокружи со тексас јакна и шик високи потпетици со леопард дезен.
На нејзината чанта пишува „Сакам повеќе љубов“, додека нејзините фанови воодушевени од фотографиите очигледно сакаат повеќе вакви изданија од Дани.