Кариерата ја започна во „Ѕвездите на Гранд“, а денес важи за една од најубавите пејачки на Балканот (фото) (видео)
Почна од сцената на Гранд а денес е вистинска дива

Оваа млада дама и кога прв пат се појави на сцената на Гранд го привлече вниманието со својот атрактивен изглед.
Младата пејачка привлече внимание откако се појави во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ по што стана една од бендот „Ѓаволки“. Таа подоцна имаше проблем со нејзината колешка од бендот Теодора Џехверовиќ, поради која го стекна „епитетот“ дека е без влакна на јазикот.

По четири години од појавувањето во „Ѕвездите на Гранд“ таа важи за една од најатрактивните пејачки во регионот, и денес има голем број фанови зад себе.
Во прашање е Тамара Милутиновиќ која се прослави со еден хит, а потоа направи голема трансформација во својот имиџ.

Таа денес има потемна коса и се облекува поопуштено.
Во продолжение погледнете како изгледала на почетокот на својата кариера, а како изгледа денес.

Ќе се повлече од естрадата?
Тамара неодамна ги изненади своите фанови, кога во емисијата Премиера изјави дека планира да се повлече од естрадата.

„Кога размислувам за иднината, и ќе го замислам моето семејство, мислам дека дефинитивно нема да се занимавам со оваа работа“ одговори искрено Тамара.