Исповест на една невеста која сама си ја уништи свадбата – како најлесно од најубавиот ден во животот да направите кошмар
Цел живот ќе се кае заради ова
Венчавката е еден од најважните денови во животот на многу жени, но понекогаш работите се случуваа спротивно од очекуваното.
Токму таква непредвидена ситуација и се случи на една млада невеста која реши своето непријатно искуство да го сподели на социјалните мрежи. Таа неодамна отворено зборуваше за една работа што и го уништило најубавиот ден во животот, а тоа го направи за да ги предупреди другите идни невести да не ја повторат нејзината грешка. Таа призна дека на свадбата испила повеќе алкохол, па следниот ден не можела да се сети на поголемиот дел од свадбата.
„Бев нервозна и премногу возбудена, а се смирив со по некоја чашка. Но како и повеќето млади, од емоциите заборавив да јадам, па алкохолот имаше посилно и побрзо дејство. Наместо убави сеќавања на тој ден, се разбудив во хотелската соба со најлошиот мамурлак што сум го имала во животот, без венчалниот прстен и со сеќавање на само првиот пијан танц, пред 110 години. Многу лооошо искуство“, раскажува Холи за британскиот таблоид „Сан“.
„Се скарав со сопругот првата брачна вечер, па тој ја помина на каучот, бидејќи не му дозволив да спие до мене. Но не ми се лутеше долго време, туку ми помогна да го пронајдам прстенот, поради што мораше да се соочи со семејството и пријателите, пред кои го засрамив“, раскажува оваа девојка како својот најубав ден го претворила во кошмар.