Се погласно се шушка дека Ана и Данијел не се заедно
Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ неодамна се раздели со Данијел Недељковиќ со кој беше во врска по бурниот брак со Дарко.
Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката очекувала за нејзиниот 34 роденден тој да ја запроси, но бидејќи тој не сакал брак, решиле дека е најдобро да се разделат. Тие беа две години заедно, но поради различните погледи на иднината, пејачката решила да ја прекине врската.
Нејзина желба била на 34 роденден Данијел да ја запроси, но откако тоа не се случило и откако сфатила дека тој тоа не го сака, Севиќ била разочарана и решила да стави точка на нивната врска, пишува „Курир.рс“.
„Разделбата на Ана и падна тешко и секако дека не и е сеедно, но откако поминаа заедно повеќе од две години беше логично таа и бизнисменот да направат еден чекор понатаму, вели изворот близок до пејачката за овој медиум.
Инаку, Ана пред да ја започне врската со Данијел беше во брак со нејзиниот колега Дарко Лазиќ.
Таа со него ја има ќерката Лорена, а официјално се разделија пред неколку месеци иако подолго време не беа заедно.
Но како што вели изворот за Курир, нејзе не и било сеедно кога дознала дека Дарко планира да се ожени со Марина.
„Да се разбереме, Ана нема никакви емоции кон Дарко, но не и беше сеедно кога дозна дека тој се свршил со Марина, а во врска се пократко отколку таа и Данијел. Недељковиќ покажуваше љубомора кон Дарко, иако Севиќ никогаш не давала причина за тоа, секогаш му даваше до знаење дека комуницираат поради ќеркичката. Ана се надеваше дека токму тоа што Дарко ќе се ожени на пролет ќе го натера и Данијел да ја запроси и да се венчаат следната година, но од тоа нема ништо“, вели изворот и додава дека нивното опкружување верува дека ќе се смират. Според него, нивната љубов била голема и сигурно се сакаат уште.
Па доколку Данијел сфати дека сака да го помине животот со неа и реши дека треба да го прошират семејството, голема е веројатноста повторно да бидат заедно.