Руската православна црква бара натпреварувачи за ријалити шоу кое од ноември ќе се снима во манастирот Нилов на Остров.
Шоуто ќе го снима телевизискиот канал на Руската православна црква кој и го објави повикот за пријавување во шоуто.
Местото на случување е островскиот манастир на езеро, кој се наоѓа на половина пат од Москва за Санкт Петербург.
Пронајдете се самите себеси и научете за светиот манастирски живот – се вели во рекламата што е пуштена на интернет, во која се бараат волонтери за емисијата на Островот.
Во прашање е еден од најубавите манастири во Русија, се вели во рекламниот материјал. Во описот додека свири релаксирачка музика се гледа црквата со златна купола и младолик брадест монах кој пече леб. Рекламата ги повикува потенцијалните учесници да поминат месец дена вежбање послушност во манастирот Нилов на езерото Селигер.
„Пронајдете ги одговорот на прашањата што ве мачат долго време“, се вели ви видеото.