Просечната заработка за возрасно лице во Австралија во 2019 изнесува околу 1.600 долари, според податоците од австралиското Биро за статистика.
Просечната заработка со полно работно време порасна за 27 долари што претставува 1.7 % во ткот на последните шест месеци и 48 долари во текот на годината.
По период од низок раст на просечната неделна заработка, забележан е пораст во растот на просечната неделна заработка.
Ниските бројки претходно беа одраз делумно и поради зголемениот број на работници со пониски примања во секторот на услуги, како што се нега на старци, нега на деца и работници со инвалидитет.
Во последните пет години просечната заработка со полно работно време за возрасни лица највисока е во АЦТ (1.811 долари), во Западна Австралија (1780 долари), а најниска во Тасманија (1420 долари) и во Јужна Австралија (1475 долари). (Пресметките се на неделно ниво).
Македонците во Австралија се најсконцентирирани во југозападните и источните делови на државата, поточно во сојузните држави како Викторија, Нов Јужен Велс и во делови на Источна Австралија како во градовите Сиднеј, Перт, Мелбурн, Вологонг, Аделаид…
Поголемиот дел на Македонците во Австралија се по потекло од Битолскиот и Преспански крај, како и од Егејска Македонија.