Пред да се роди бебето деформитетите не беа откриени
Во Португалија е суспендиран гинеколог осомничен за негрижа откако една мајка роди момче без лице.
Малиот Родриго е родено без нос, очи и нема дел од черепот. Неговите деформитети на лицето и главата беа откриени дури откако дојде на овој свет. Неговата мајка се породи на 7 октомври во болницата во Сетубалу, место кое се наоѓа на околу 40 километри од Лисабон.
Случајот заврши во медиумите
Поради целиот случај едногласно беше изгласано докторот Артур Карвал да биде суспендиран шест месеци.
Doctor suspended in Portugal after baby born without a face https://t.co/sMsPCWEC1G
— The Straits Times (@STcom) October 23, 2019
Против него подигнати се уште шест обвиненија кои датираат уште од 2013 година.
Истрагата беше отворена по жалбата на родителите откако целиот случај заврши во медиумите.
Ги убедувал родителите дека се е во ред
Докторот кој ја следеше мајката на Родриго за време на бременоста во приватната клиника во Сетубал, каде беа направени три ултразвуци, не го извести семејството за никакви компликации или деформации.
The baby was born without a nose, eyes or part of his skull but the deformities were only discovered during his delivery. https://t.co/qcXnzpcxI1
— Times LIVE (@TimesLIVE) October 23, 2019
Родителите биле предупредени на можни аномалии на фетусот, па во шестиот месец од бременоста побараа дополнителни ултразвучни тестирања, но споменатиот доктор ги убедувал дека тоа не е потребно.
„Ни објасни дека понекогаш некои делови од лицето не се гледаат на ултразвукот“ – изјави Џоана Симао, сестрата на жената што го роди малиот Родриго, за телевизија TVI 24. Бебето се уште се наоѓа на породилното одделение.