И додека сите зборуваат дека нешто во нивната врска не штима, пејачот најави дека наскоро повторно ќе заплови во брачните води
Последните неколку недели се изнаслушавме дека Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ повеќе не се заедно. Се шушкаше дека неговата невенчана сопруга заедно со детето го напуштила, по што тој мораше да ги демантира овие гласини, па дури и да ја најави свадбата.
„Марина објави фотографија и напиша дека само тој и е важен. Од тоа произлезе дека сме скарани, разделени, и дека сум направил нешто лошо. Таа сака да оди кај своите родители, што е потполно нормално, особено кога јас сум надвор од градот и кога е сама со бебчето“ вели Дарко и додава дека од ништо испаднал хаос. Тој потврди дека меѓу него и Марина односот е потполно во ред и дека не се раздвоени. Според него нема теоретски шанси да се смири и повторно да биде со поранешната сопруга, пејачката Ана Севиќ, како што објавија некои медиуми.
„Никакви теории на завера не постојат, Марина е мојата идна жена и мајка на мојот син“, изјави Дарко за весникот „Ало“ и на сите им даде до знаење дека наскоро планираат и официјално да застанат на лудиот камен.