Ќерката на познатиот пејачки пар се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и ги освои сите (фото)
Нешто неочекувано се случи во Ѕвездите на Гранд
Имено, фолк пејачката Ана Севиќ која што и самата се прослави со учество во оваа талент шоу програма, каде едно време беше и водителка, овој пат ја донесе својата ќеркичка Лорена на снимање.
Бидејќи и нејзиниот татко, познатиот пејач Дарко Лазиќ, се прослави токму благодарение на оваа музичка емисија, таа од мала многу често е гостинка во студиото, така што во него се чувствува како дома.
Саша Поповиќ како детенце на „Гранд продукција“ дозволи Лорена да седне на директорското столче, онаму каде што најчесто седи неговата „десна рака“ во шоуто, пејачката Снежана Џуришиќ.
„Лорена на работното место“, се пошегува нејзината мајка со фотографија што ја објави преку социјалните мрежи.
Инаку, Ана и Дарко неодамна се најдоа во центарот на вниманието во медиумите токму поради нивната ќерка.
Имено, неговата сопруга повторно го прозва и го нарече лош татко бидејќи не сакал да дојде на нејзиниот роденден. Според неа тој можел да дојде на роденденската прослава во Црна Гора со авион, додека Дарко ја обвини дека намерно избрала датум за роденденот на Лорена кога тој има настап.
Марина Гагиќ со малиот Алексеј
Покрај Лорена Дарко го има и синот Алексеј, со неговата свршеница Марина Гагиќ, кој се породи во јуни оваа година.