Познатата пејачка Џенифер Лопез објави нова фотографија со која направи хаос на социјалните мрежи.
Имено, таа позираше по вежбање во кратка жолта блуска и хеланки, а в центарот на вниманието се нејзините стомачни мускули кои се резултат на напорни тренинзи и речиси секојдневно танцување.
Мажите останаа без здив кога ја видоа во ова издание, па следуваа бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Пејачката е во одлична форма, што можеме да видиме и од другите нејзини фотографии што ги објавува на Инстаграм.
Нејзиниот личен тренер Дејвид Кирш неодамна за американските медиуми откри дека Џенифер вежба од 30 до 45 минути пет пати во неделата, но и дека тренинзите и се поприлично напорни.
Таа не ретко вежба и пред самите настапи и пред да излезе на сцената, и тоа најчесто кардио-вежби.
Но покрај тренинзите таа води сметка и за тоа што јаде, избегнува алкохол, кофеин и слатки пијалаци.
На нејзиното мени се наоѓа свежо овошје, житарки од цело зрно, зрнести плодови, храна богата со протеини и риба.