Рафаел Надал конечно скокна во тавче – погледнете ја спектакуларната венчаница што ја носеше преубавата невеста
Невестата ги воодушеви сите со преубавата венчаница
По 14 години врска познатиот тенисер Рафаел Надал и неговата избраничка Марија Франсиска Перељо застанаа пред олтарот. И покај големиот интерес свадбата беше во тајност, а бројните правила што ги поставиле пред своите гости требаше да им обезбеди максимална приватност.
Но и покрај напорните свадбата да остане во тајност, некои детали сепак испловија во медиумите.
Тука се и официјалните фотографии, а нивните обожаватели најмногу беа заинтересирани да видат како Марија изгледаше како невеста.
Таа носеше венчаница со потписот на Роса Клара. Горниот дел е изработен од детали од француска тантела, додека рачно извезената ткаенина е украсена со деликатен дезен со фасцинантни цветни мотиви.
„Прекрасен ден преполн со обврски за нас. Неверојатно сме горди што имавме прилика да учествуваме во толку важен датум, денот кога Мери Перељо и Рафа Надал стапија во брак. Му честитаме на единствениот, преубав пар и му посакуваме се најубаво“ – напиша дизајнерката на Инстаграм.
Таа покрај венчаницата ги дизајнираше и преубавите фустани на мајката и сестрата на Надал како и за мајката на невестата.