Па, што би изгубиле ако го пробате ова?
Сите ние честопати доаѓаме во ситуација да ни затребаат пари. На некои тоа им се случува ретко, а некои се во хроничен недостаток на пари. Постојат луѓе кои веруваат едка парите може да дојдат исклучиво со заработување, како последица на напорна работа. Меѓутоа, постојат и такви кои веруваат дека за збогатување може да помогнат и одредени ритуали.
Постојат многу начини за тоа, а за да го испробате овој што ви го прикажуваме денес, потребно е да одвите малку време и да ја направите оваа вазна од богатство. Таа претставува широко распространет начин за привлекување пари во куќата. Настанала во древната Кина, а се распространела низ цел свет. Вазната која би ја користеле за овој ритуал може да биде од кој било материјал. Стаклена, керамичка, метална, порцеланска… Стомакот на ванзата би требало да биде дебел, а вратот тенок и долг. Ова е од особена важност, затоа што на ваков начин симболично се прикажува долгото останување на парите кои еднаш ќе влезат во вашиот дом.
Во вазната треба да го ставите следново:
1. Седум различни кристали или скапоцени камења. Рубин, сафир, дијамант, смарагд…
2. Црвена торбичка со пари во валутата која се користи во вашата земја на живеење. Количината на пари треба да биде 998 единици во онаа валута која ја користите. 998 денари, 998 евра, 998 долари… 998 е број кој се смета за особено поволен и носи среќа во стекнување пари.
3. Овде доаѓаме до најпроблематичниот елемент. Најпроблематичен затоа што е тешко да се пронајде. Можеби некому и не е, во зависност од ситуацијата. Имено, неопходно е да добиете на подарок, така што ќе си побарате, парче лист од некоја билка, од богато семејство. Овој лист, односно парче од билката, никако не смеете да го украдите или самите да го скинете без знаење на сопственикот, затоа што целиот ритуал нема да ви успее, туку едноставно мора да го добиете на подарок, по можност од срце.
4. Три или девет кинески пари кои мора да се врзат со црвена лента или црвен конец. Ако не успеете да ги пронајдете, тогаш потрудете се да најдете пари од друга источна земја. Ако не успеете и во тоа, тогаш земете локални парички мои може да ви послужат за вашата цел.
5. Остатокот од вазната треба да го наполните со пет видови билки кои се користат во исхраната, а симболизираат раѓање. Буквално истите оние билки кои се користат кај православните за божиќните свечености. Пченица, пченка, јачмен, ориз, но и оревкасти плодови како ореви, лешници, бадеми и слично.
6. Освен сето наведено, во вазната може да внесете (но не е неопходно) некое парче златен накит или друга вредност. Уште подобро е ако тој накит е дел од вашата семејна традиција, а се врзува за поединци кои во минатото биле финансиски успешни.
За крај, она што е важно е вазната апсолутно да ја сокриете од непосакувани погледи. Таа никако не треба да стои на некое видно место, односно при влез во куќа или стан. Најдобро е да ја ставите во спалната соба, каде не влегува никој непознат.