Оваа пролет минуваше низ тежок период во животот
Познатата турска актерка Асли Енвер попозната како Истанбулска невеста поминува низ тежок период во животот. Откако му даде втора шанса на сопругот и ја преброди драмата со него, убавата актерка за турските медиуми раскажа како воопшто дошло до тоа да стане актерка.
Асли до својата 12 година живеела во Лондон, а потоа се преселила во Истанбул каде ја запишале на часови по глума. Но поради нејзината дислексија, што не било воопшто лесна задача за неа. За секој тест и требало многу повеќе време од вообичаеното, а најмногу и помогнала нејзината мајка.
„Мојата мајка ме праша да сакам да се занимавам со уметност и тоа ме поттикна да изберам глума. Тргнав на курсеви и ми помогна во се, раскажува за турските медиуми оваа 35 годишна ѕвезда на турските сапуници.
Деновите и се исполнети со снимање, а своевремено и покрај тоа што изјави дека не верува во љубов, му даде втора шанса на сопругот. „Би сакала да создадеме семејство“ изјави таа во една пригода и додаде дека е повеќе од сигурна дека конечно го пронашла вистинскиот маж.