О, Боже вечен, Ти воспостави меѓусебна нераскинлива врска помеѓу мажите и жените.
Ти правиш една жена да се соедини со маж заради помош и продолжување на човековиот род, затоа, дај ми и мене Господе, да сретнам и да се здружам со човек кој ме разбира и на кој би можела да му кажам се’. Соедини ме со таков кој искрено би ме љубел целиот свој живот. Дај ми Господе да ме пронајде оној кој разликува љубов од страст. Дарувај ме господе со младоженец кој секогаш ќе ја бара можјата душа и моето срце, а не само моето тело.
Ти, сам Господе Спасителе, на свет начин изврши таинствен и чист брак меѓу нас, да бидеме сложни со духот и телото, меѓусебно да го збогатуваме својот брачен живот, еден за друг да не се оставиме осиромашени и уништени, туку како сопружници да бидеме побоможни, едносложни и задоволно среќни.
Преславен Господе, уште ти се молам за мене и оној кој ја бара мојата душа, да ни дадеш во нашиот живот да внесеме радост и Твој мир, да најдеме љубов и да уживаме во здравје и деца. Амин!