Иако ставот кон парите најпрво е одреден со воспитувањето и со можностите, сепак и ѕвездите влијаат на одредени склоности кон трошење и штедење. Исто така ѕвездите влијаат на тоа дали и во која мера ќе се збогатите. Еве како се однесуваат хороскопските знаци.
Овен – оди од крајности во крајности, некогаш има многу пари на сметката, а во друг момент е во минус.
Бик – во парите гледаат сигурност, а фонд за црни денови имаат секогаш. За нив се вели дека спијат со парите.
Близнаци – не се штедливи и трошат на сите страни. Често земаат кредити или имаат кредитни картички.
Рак – свесни се за вредноста на парите и често си праваат пресметки за кога и колку може да вложат.
Лав – во зависност од нивното воспитување, Лавовите може да бидат скромни или пак да се расфрлаат со пари. Но, за нив се смета дека честопати трошат нерационално.
Девица – има практичен пристап, не тежнее кон големо богатство, туку има за цел да ги подмири само основните потреби.
Вага – многу има, но и многу троши. Секогаш ѝ се допаѓаат скапи работи, но подобро би одбрала една квалитетна облека, отколку милион неквалитетни парчиња.
Скорпија – чува пари. Овие личности се многу таинствени и не откриваат колкава им е платата.
Стрелец – склони се кон нерационални трошења, па иако можат брзо да заработат, уште побрзо и трошат.
Јарец – прави многу пресметки. Тие знаат дека парите не се печалат лесно, па и не ги трошат за глупости.
Водолија – троши додека има. Можеби во некој момент ќе се потпрат на кредитните картички, но додека имаат тие трошат.
Риби – еден од хороскопските знаци кои најлесно заработуваат, но од нивното умеење зависи како ќе ги потрошат заработените пари.