Лила Филиповска го прослави роденденот
Нашата најпозната водителка го прослави својот роденден. Таа наполни 48 години, а на социјалните мрежи објави фотографии на кои наместо торта, носи сендвичи.
Но покрај сендвичите, Лила ги изненади своите фанови со уште еден интересен детаљ. Имено, таа за оваа пригода избра тесен црн фустан преку кој носеше црвено сако со интересен цветен дезен, а во центарот на вниманието се нејзините нозе во тренди чизми над колена во страсна црвена боја.
Убавата водителка целото издание го зачини со црвен кармин и коса која и паѓаше преку рамењата.
Поради роденденот таа доби голем број честитки од нејзините пријатели и соработници, но и грст комплименти, и тоа од жени, на сметка на нејзиниот изглед.
„Најсреќен убавино… рој ѕвезди само твој.. секогаш позитивна и насмеана. Најубава до небото и назад“ и напиша една корисничка на социјалните мрежи.