Ќе те чекам мил мој сине, насмевката на лицето повторно да ти ја видам. Сакам да го почувствувам уште еднаш твојот мирис, да ја допрам твојата коса, да те помилувам како што тоа го правев пред да заминеш в туѓина…
Се радувам секогаш кога твоите очи милно ќе ме погледнат, а јас во нив ќе ја видам сета радост на овој свет. Туѓината тебе ти дава многу можности кои сакаш да ги искористиш, да си го збогатиш животот и да оставиш добри работи за своите поколенија, но, мене сине, мене ми задава болка в градите секогаш кога ќе седнам сама на масата да јадам, и кога секој празник ќе го поминам зјапајќи во твојата слика.
Не за џабе се рекло „Туѓината пуста да остане“. Ми те одзеде и ме спречи да те гледам во најубавите години, како созреваш и стануваш човек, како се градиш себеси и како ги остваруваш своите цели. Но, јас ќе те чекам, а ти биди среќен…