Поранешниот министер Љупчо Николовски рипна во тавче – погледнете колку убава венчаница носеше невестата
Невестата избра венчаница која убаво би им стоела на повеќето жени
Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие, Љупчо Николовски се ожени со својата девојка Андријана Јакимовска. Нивните пријатели на социјалните мрежи објавија неколку фотографии од веселбата, како и фотографија на која невеста позира покрај својот сакан држејќи го во рацете бидермаерот.
Невестата носеше преубава венчаница која стоеше одлично на нејзиното убаво тело, а покрај шармантната насмевка на нејзиното лице во центарот на вниманието е и отвореното деколте. Во прашање е модел кој е потесен во горниот дел и од половината надолу се шири, обезбедувајќи одличен изглед кај повеќето жени. Поранешниот министер за земјоделство пак, носеше карирано сако и „лептир машна“.
Инаку, Љупчо Николовски откако беше сменет од министерското место е назначен за генерален секретар на СДСМ. Тој дојде на местото на Александар Кирацовски, кој беше разрешен од функцијата пред неколку месеци најверојатно како превенција поради случувањата со Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.
Пред да дојде на негово место, Љупчо беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој по потекло е од Крива Паланка, каде во младоста работел и како ди-џеј во единствената дискотека во овој град.
Љупчо пред неколку месеци ја запроси својата сопруга во словенечкото гратче Порторож.
Љупчо и Андријана беа во врска неколку години пред таа да замине во Словенија, каде што работи. Тие ја прекинале врската, но на почетокот на оваа година решила повторно да ја обноват и потоа набргу тој ја побара за жена.