Според едно истражување каде што биде интервјуирани милијардери, се дошло до заклучок дека за нив заеднички се следниве навики.
Стануваат рано
Раното станување е најчестата навика на успешните претприемачи. Така тие се попродуктивни и ја користат сета своја енергија.
Внимаваат на своето здравје
Секој интервјуиран милијардер имал строг режим на вежбање, без оглед на староста, а и оние кои биле во поодминати години редовно трчале или оделе во теретана.
Читаат
Читањето е една од активностите за кои милијардерите редовно одвојуваат време. Тие читаат весници, биографии, списанија и деловни книги.
Размислуваат за работите
Милијардерите одвојуваат време да размислуваат за работите, било преку медитација или преку активности како што е спортот.
Имаат строга рутина и ритуали
Утринската рутина е најважна за долгорочен успех во работењето, а речиси сите интервјуирани милијардери имале утринска рутина која редовно ја следат, а обично вклучува и четири од горенаведените навики.
Вежбаат дисциплина
Милијардерите се најдисциплинирани луѓе. Тие себеси, но и на оние околу себе им поставуваат високи стандарди.