Каролина ни одржа лекција како да изгледаме женствено, но без да го истакнеме деколтето и без да носиме оскудни парчиња
Каролина Гочева во уште едно шик издание
Каролина Гочева кога и да се појави во јавност не воодушевува со своите модни приказни, а посебно на нејзиниот Инстаграм.
Таа секогаш изгледа убаво и отмено, а овој пат со ова шик есенско издание буквално не остави без зборови.
Имено, шармантната пејачка позираше во панталони и сако во бојата која е апсолутен хит за оваа есенска сезона, а целото издание го подигна со капутот кој го носеше елегантно префрелен преку рамениците.
Ова прекрасно монохроматско издание Каролина го заокружи со шик сандали со тенки ремчиња и обетки во иста нијанса.
Убавата пејачка со ова уште еднаш ни покажа дека женственост може да се искаже и на мошне едноставен начин, па дури и кога носиме парчиња позајмени од машкиот плакар, а не само со истакнување на голи деколтеа, здолништа и фустани со длабоки прорези и оскудни модели.