Беше една од најпосакуваните Југословенки – Леба Брена во фармерки со висок струк направи лом на социјалните мрежи
Фотографија која направи хаос на социјалните мрежи
Брена неодамна се потсети на своите млади денови, па сподели фотографија со која ги воодушеви сите.
Пејачката очигледно лудо си поминувала во тоа време, а ваквиот призор на многумина им врати сеќавање на лудите стари времиња. Таа на фотографијата носи „mom jeans“, со висок струк и широки ногавици, а целото издание го зачини со нејзината „ретро“ фризура.
Во прашање е издание со кое денес дефинитивно може да ги освои љубителките на street style комбинациите.
Брена во своите плакари има мнооогу шик парчиња од кои може да направи беспрекорни модни изданија, а меѓу омилените и денес и се ваквите „buggy“ фармерки.
Инаку, токму ваквите фармерки кои некогаш беа главен дел во работничката облека на италијанските морнари се еден од водечките трендови за оваа есен. А тоа многу добро го знае и Брена која и денес ги следи трендовите.
Па, што велите за ова ретро издание на Брена?