Не обрнувајте многу внимание на изреката „не држи го премногу в раце, ќе го разгалиш“.
Добра вест е што според истражувањата, докажано е дека држањето на бебето не само што не е штетно, туку е и особено важно за развојот, особено во првите денови од неговиот живот, па има и долготраен ефект на здравјето и развојот.
Контактот со кожа помеѓу мајката и бебето го поттикнува менталниот развој, го зголемува коефициентот на интелигенција и ја намалува стапката на агресија. Исто така контактот со кожата помага и доењето биде поуспешно.
Допирот е еден вид поддршка и е од клучно значење за развојот на мозокот на бебето, затоа што допирот е едно од првите сетила кое се развива кај бебето, пред сетилото за вид или слух, па затоа, лекарите истакнуваат дека е клучен за комуникација во првите денови на новороденчето.