Реклама
MAMAБебиња

Да, и татковците имаат улога во доењето

Реклама

Во денешно време се’ повеќе популарна станува половата еднаквост.

ФОТО: babycenter.com

Родителските улоги се изедначуваат, родителите подеднакво ги делат своите должности, па така и обврските околу хранењето на бебето. Можеби овој наслов „и татковците имаат улога во доењето“ на прв поглед ќе ви се чини чуден, зашто мајките се тие коишто дојат и уште во првиот момент се поврзуваат со бебето. Но, родителските улоги се еднакво и неизмерно важни. Таткото кој е запознат со важноста на доењето на бебето, но и за мајчиното здравје, може со денови, недели, месеци, па и години да биде силна поддршка во совладувањето на сите проблеми кои доењето ги носи со себе. Исто така може да биде и среќен сведок на убавината на доењето, сведок на единствениот однос помеѓу мајката и бебето.

Како може да помогне таткото?

За детето, непроценливо важен е односот со двата родители. Секако, мајката е таа која дои, а таткото во првите денови може да се почувствува исклучено, но, иако на прв поглед не е видливо, таткото може да придонесе во успешното доење и да се поврзе со бебето кое стигнало во семејството.

Маркетинг

1. Уште во бременоста, таткото може со мајката да чита за важноста на доењето: Одлуките за доење често се создаваат пред да се роди бебето.

2. Многу бебиња ждригнуваат после подој (дури и на среди!). Таткото може да биде тој кој ќе го подигне бебето и ќе му помогне да ждригне.

Маркетинг

3. Ако бебето е гладно, најверојатно нема да биде заинтересирано за игри и галења, но ако е нахрането, со задоволство ќе спие на татковите гради. Така новороденчето се поврзува и со таткото и се навикнува да го препознава татковиот допир и мирис.

4. Многу татковци со задоволство ја преземаат должноста за пресоблекување и капење на бебето. Тие се моменти во кои таткото и бебето меѓусебно се поврзуваат, а мајакта може да го искористи тоа драгоцено време за одмор и опуштање, што е особено важно за доењето добро да функционира.

5. Ако во семејството има уште деца, постар брат или сестра, тие може да бидат малку љубоморни зашто бебето ја окупира мајката целиот ден (па и ноќ). Ако таткото поминува време со постарите деца, си игра со нив, им чита или заедно ги извршуваат домашните обврски, тие ќе се чувствуваат помалку љубоморни на новороденчето, а мајката ќе се чувствува подобро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button