Реклама
Наши ѕвезди

Ова е еден од најгрдите трендови, но НЕ и за Антониа Гиговска и Ким Кардашијан

Реклама

И покрај тоа што ова е еден од најлошите трендови, мораме да признаеме дека нашата млада пејачка изгледа шик

Оваа комбинација беше хит во деведесеттите, но потоа сосема заслужено замина во заборав се додека Ким Кардашијан не ја врати на голема врата. Да, познатата ријалити ѕвезда беше меѓу првите дами која промовираше тренерки со високи потпетици, а по неколку недели ова стана хит во целиот свет.

Маркетинг

По Ким, нејзината идеја да комбинира тренерки и високи потпетици ја продолжи нејзината помлада сестра Кајли Џенер.

Маркетинг

Ваква комбинација неодамна носеше и Антониа Гиговска и мораме да признаеме дека изгледа шик.

Имено, ова е еден од оние трендови со кој можете многу лесно да погрешите и кој или ќе го ставите во моден шик или во потполно промашување, но очигледно Гиговска знае како да ги носи ваквите трендови.

Имено, ова не е прв пат стилот на младата пејачка да потсетува на оној на најпознатата старлета на светот, како и на стилот на балканската поп дива Јелена Карлеуша која исто така неодамна „фураше“ тренерки со високи потпетици.

Па дали ви се допаѓа овој тренд?

И дали мислите дека наскоро ќе го гледаме и на улиците, меѓу обичните девојки ширум светот?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button