Домашните миленици се слатки и умеат да не’ расположат во кое било време.
Се прашувате дали треба да имате домашно милениче доколку имате мало дете? Па, погледнете ги овие причини кои ќе ве уверат дека треба вашите малечки да ги израдувате со некое животно.
Одговорност
Децата кои имаат домашно милениче развиваат чувство за одговорност и грижа кон другите, уште од мали нозе. Миленичињата бараат постојана грижа и нега, а целосно зависат од луѓето, кои ги хранат, забавуваат и дресираат. Затоа, грижата за миленичето го учи детето на емпатија.
Самопочитување
Заедно со одговорноста, со домашното милениче детето го зајакнува и самопочитувањето. Кога се успешни во грижата кон животните, децата се горди и се чувствуваат добро.
Помала склоност кон алергија и астма
Многу научни истражувања покажале дека децата кои израснале со домашни миленици имаат помали шанси од развој на алергија и астма. Изложени на животинските влакна, децата го зајакнуваат имунитетот и имаат дури два пати помали шанси подоцна да развијат силна алергија.
Вежба и игра
Миленичињата, а особено кучињата, бараат вежбање и игра. Ако вашето дете е доволно големо за самостојно да го шета кучето, тоа е одлично, затоа што така детето повеќе ќе се движи и ќе биде на свеж воздух. Докажано е дека семејствата кои имаат куче поминуваат повеќе време надвор, на свеж воздух.
Смиреност
Миленичињата ги смируваат децата. Како и возрасните, и децата ги бараат милениците кога се тажни, лути или вознемирени. Тие им даваат магична утеха, посебно оние со долго влакно кои можете да ги милувате. Нивната љубов е безусловна.