Нова фризура и преубави усни со црвен кармин на кои никој не може да им одолее – Дани Димитровска во едно од најубавите изданија
Нашата позната пејачка го промени имиџот
Дани Димитровска има нова фризура.
Откако неодамна ги изненади своите фанови со своите розови прамени, пејачката Дани Димитровска на социјалните мрежи објави фотографија на која е со нова фризура. Овој пат нејзината убава и бујна коса е врзана во коњско опавче, а нејзините прамени повторно имаат руса боја.
Со новата фризура Дани предизвика лавина од коментари на својот Инстаграм, а нејзините обожаватели ја пофалија.
„Дани, убавица си со шарм“, „Со сонце во очи“. „Ти си мојот идол, те сакам“, и пишуваат обожавателите.
Како трендовите се менуваат со брзина на светлината, така и познатите дами се обидуваат да ги следат истите, а ова се однесува и за некои модни и бјути трикови кои ги добиваат од своите фризери, но и од стилистите.
Погледнете неколку вакви шик изданија на нашата пејачка од фотографиите што ви се дадени во продолжение.