Македонската Ким Кардашијан направи тешка операција – и посакуваме да оздрави што побрзо
Фитнес моделот Ана Стојанова плени со своето совршено тело
Младата девојка е мошне популарна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии и видеа.
Таа на својот профил на Инстаграм ги покажува нејзините фитнес вежби, но одвреме-навреме знае да ги почести фановите и со по некоја провокативна фотографија на која во центарот на вниманието е нејзиното тело.
Со фитнес се занимава речиси цели десет години и тоа поради здравствени причини. На социјалните мрежи постојано добива комплименти за својот изглед, а нејзините совети и видеа се гледани и по неколку десетици илјади пати.
Таа важи за една од најпопуларните и најкоментираните девојки од Македонија, а социјалните мрежи ги користи за промоција. Имено, таа е онлајн фитнес тренер – не држи приватни часови, туку креира онлајн програми за оние што имаат проблем со килограмите.
Не сака да ја споредуваат со Ким Кардашијан
Инаку, за тоа што ја споредуваат со Ким Кардашијан, Ана во една пригода изјави дека не се согласува со тоа.
Според неа познатата старлета во својот изглед вложила многу пари, а кај неа сé е природно.
Поради операцијата мора да направи пауза
Инаку, Ана деновиве имаше тешка операција на десното колено, па по успешната операција им се јави на фановите преку социјалните мрежи. Таа најави дека ќе и бидат потреби од 3 до 6 месеци повторно да се врати во теретана, но и дека верува дека ќе успее да оздрави побрзо.
„Свесна сум дека моето тело ни најмалку нема да изгледа исто. Свесна сум и спремна за се она што следи. Ги имам програмите и знам дека ќе се вратам побрзо од што мислам. Ќе бидам уште едно медицинско чудо. Ветувам. ?? . Кога ветувам јавно, си зимам голема одговорност и да го исполнам тоа. ДЕВОЈКИ! Не е крај, почнуваме заедно, почнуваме од нула. ЌЕ УСПЕЕМЕ! Напиша таа под следната фотографија.
По ова таа се јави и од болницата и ги извести своите обожаватели дека операцијата поминала одлично и им се заблагодари на сите за поддршката.
Ние искрено се надеваме дека Ана ќе оздрави многу побрзо и и’ посакуваме да ни се врати што побрзо.