Реклама
Наши ѕвезди

Пред помалку од половина година стана мајка, а сега повторно изгледа неверојатно – македонската Ева Мендез го запали Инстаграм

Реклама

Шармантната поранешна водителка на „Бекстејџ“, Мартина Михајловска ги запали социјалните мрежи со своите најнови фотографии, посебно со фотографијата на која е потпрена за ѕидот, при што се гледа дека повторно е во топ форма и дека не мора ништо да крие.

„Изгледаш совршено“, „Гориш“, „Повторно си ви топ форма“, се само некои од коментарите под фотографиите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мартина Михајловска (@martinamihajlovska)

Мартина има речиси 20 илјади пријатели и не ретко знае да ги почести со фотографии од своето совршено тело. Од фотографиите можеме да забележиме дека не е ни малку срамежлива, но и дека повторно е во топ форма и тоа само неколку месеци откако се породи.

Фото: Инстаграм/ Мартина Михајловска (@martinamihajlovska)

Имено, Мартина која пошироката јавност ја запозна како една од најатрактивните водителки на „Бекстејџ“ се породи во април оваа година. Таа и нејзиниот партнер Виктор ја крстија Алана со што пријатно ги изненадија сите бидејќи името не е типично за Македонија, а преубаво звучи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мартина Михајловска (@martinamihajlovska)

Тогаш прв нејзиниот сопруг преку социјалните мрежи ја објави веста не криејќи ја радоста, а потоа дојде моментот кога и Мартина одлучи да се пофали на Инстаграм.

„Љубовта на мојот живот се роди денеска Алана.Се што сум и се што имаме е твое!Да си ми жива и здрава, благословена од Бога, а за се друго тука е тато…Благословен и најсреќен ден во мојот живот. Мартина и мојата мала принцеза. Ве сакам двете бесконечно“, напиша тогаш Виктор.

Фото: Инстаграм/ Мартина Михајловска (@martinamihajlovska)

Мартина пак, сега објави и фотографија на која се гледаат ноџињата на малата Алана, а следуваа дузина лајкови и честитки од нејзините воодушевени пријатели и обожаватели на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Мартина Михајловска (@martinamihajlovska)

Инаку Мартина пред да застане на лудиот камен беше влијателна личност на социјалните мрежи. Редовно споделуваше фотографии, а поради убавото лице беше позната како македонската Ева Мендез.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button