Нашата пејачка се соблече во костим за капење – погледнете, нејзината беспрекорна линија и вас ќе ве остави без зборови
Нашата млада пејачка реши да се одмори малку, па замина на Босфорот да си ги наполни батериите.
Убавата русокоса пејачка објави неколку фотографии на социјалните мрежи од ова патување, а штом се соблече во костим за капење никој не можеше да го одвои погледот од нејзиното перфектно згодно тело.
Имено, атрактивната Теа Трајковска важи за една од најпознатите млади пејачки од Македонија. Таа на својот профил на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од своето секојдневие, но и провокативни изданија на кои никој НЕ може да остане рамнодушен.
Таа и овoј пат покажа дека и преку летото е во совршена форма, па нејзиното тело изгледа перфектно во бикини.
Не е ни чудо што секогаш кога ќе се појави на плажата во костим за капење го привлекува вниманието на себе.
Сепак мораме да признаеме дека и кога е облечена од глава до пети изгледа неодоливо, во што можете да се уверите и од неколкуте фотографии во продолжение.
Што се однесува до нејзиниот стил, таа во интервју за Гламур магазин изјави дека има прекрасни соработници кои и помагаат да ги реализира нејзините идеи на сцената, но и дека приватно често знае да оди во крајности. „Знам да си играм со најразлични и неспојливи парчиња или да поминам цела недела во тренерки“ изјави Теа.