Емина Јаховиќ и нејзиното момче турскиот милионер Садетин Саран постојано се во центарот на вниманието во Турција.
Последно нешто за што пренесуваат турските медиуми, е дека неодамна прв пат биле видени како во јавност се држат за рацете, а сега наголемо се зборува и дека наскоро планираат да направат свадба. Имено, се шушка дека тоа би можело да се случи до крајот на 2019 година.
Емина и нејзиниот љубовник се уште се немаат огласено во врска со ова, но фотографиите што испловија во јавноста може да се види дека тие се вистински заљубени и дека нивната врска напредува кон брак.
Токму затоа и сите се согласни дека Емина наскоро повторно ќе облече венчаница, и покрај тоа што таа пред неколку години изјави дека не планира повторно да застане на лудиот камен бидејќи тоа веќе еднаш го има направено.
https://www.instagram.com/p/B3EUoNdlbOL/?utm_source=ig_embed
Турските медиуми додаваат и дека тоа ќе биде свадба на деценијата имајќи го во предвид богатството што го има нејзиниот иден сопруг.