Таа ги има најлошите гради на светот – познатата актерка ја критикуваат поради неприродниот изглед и бројните пластични операции
Тори Спелинг (46) ги изненади сите со своите фотографии
Познатата Дона Самер од Беверли Хилс 90210 ги изненади своите обожаватели со фотографиите од годишниот одмор.
Познатата актерка беше фотографирана во мрежест комплет, а во центарот на вниманието беа нејзините гради.
Имено, според корисниците на социјалните мрежи, нејзиното деколте изгледа неприродно и евтино, па според многумина таа ги има најгрдите силикони на светот.
Промените што ги има направено Тори на своето тело само во последните неколку години се повеќе од воочливи. Како што пренесуваат странските медиуми, актерката која се прослави со серијата Беверли Хилс денес е зависна од пластичните операции, иако Тори тоа го демантираше.
„Моето име денес се врзува се пластичните операции. Но јас имам корекција само на носот и градите. Медиумите константно ми припишуваат и многу други операции“, се пожали Тори неодамна во медиумите. Но и покрај тоа што многумина и замеруваат дека направила премногу корекции на своето тело и дека го упропастила лицето, актерката очигледно не е премногу загрижена заради тоа.
Се шпекулира дека прв пат отишла под нож кога имала само 17 години и дека ги корегирала носот, усните, јаболчиците и градите, а на лицето вбризгувала ботокс.