Ако сте меѓу оние што планираат да влезат во брачните води следната година, ѕeвездите велат дека најдобро е да се каже „судбоносно ДА“ во зима.
Британскиот астролог Каролин Фолкнер откри за Дејли Меил дека, од астролошки и нумеролошки аспект, најдобриот датум за свадба е 20 февруари 2020 година. Број два во нумерологијата симболизира одлучност и сила, додека во астрологијата управува со љубовната планета Венера.
„Овој датум укажува на емоционална стабилност, засилена поврзаност и одговорност со договор и ова е исто така денот кога Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината ќе бидат во Водолија“, објасни Каролин Фолкнер.
Таа додаде дека таквата комбинација последен пат се случила во 1960-тите.„Двојките што ќе одлучат да стапат во брак на овој ден, поверојатно е дека другите лесно можат да ги надминат сите пречки со кои се соочуваат за време на животот заедно и да имаат среќен брак“, рече таа.