Оваа жена досега милион пати не воодушевила
Како со својот неверојатен физички изглед (за нејзиниот талент како пејачка и актерка воопшто и не треба да зборуваме), така и со нејзините модни комбинации. Но како и секоја од нас, и таа ги има оние денови кога сé ќе ви тргне наопаку, а можеби таков и беше и овој ден.
Имено, Џенифер Лопез се прошета низ Монако во друштво на свршеникот Алекс Родригез во едно издание во кое баш и не изгледа најдобро. Да не се разбереме погрешно, комбинацијата и не е толку лоша, но некако на неа има премногу впечатливи парчиња, а кога е во прашање жена која сама по себе е впечатлива, тогаш тоа изгледа некако „ту мач“.
На пример белите панталони со длабок струк, потоа блуската со асиметричен крој и животински дезен, високите потпетици во беж нијанса (подигнати на платформа) и впечатливите модни додатоци како чантата од „YSL“ и „оверсајз“ очилата за сонце во две нијанси некако изгледаат како и да не се баш најпаметното решение. Односно секој модел сам по себе е одличен, за тоа немаме дилема, но кога се сите заедно, плус на жена како Џенифер, некако доаѓа премногу.
Можеби многу подобро би изгледала без очилата за сонце или со некоја не толку впечатлива блуска или чанта.
Што мислите вие?