Ги изненади сите – наместо фустан од 10.000 долари, војвотката конечно во облека која е достапна и за нас „обичните смртнички“
Откако поради нејзината скапоцена облека го предизвика гневот на јавноста, Меган реши да ја поправи ситуацијата.
Имено, војвотката од Сасекс за време на посетата на Кејптаун во склоп на кралската турнеја низ Африка внимаваше повторно да не ја разлути британската јавност откако на венчавката на дизајнерката Мише Ноно, минатиот викенд во Рим, се појави во фустан кој чини неверојатни 11.000 долари. Поради ова таа беше критикувана од сите.
Токму затоа поранешната холивудска актерка сега се обидува да ја смири ситуацијата носејќи парчиња кои се многу поевтини од она во што сме ја гледале досега.
Па така црниот фустан со кој Меган се појави во детскиот центар во Нианга е со потпис на африкански бренд „Mayamiko“ и чини 85 долари. Овој фустан Меган го усклади со еспадрили со полна пета од брендот „Castaner Carin“ кои можат да се најдат за сума од околу 100 долари, а кои ги носеше и на минатогодишната турнеја низ Австралија.
Војвотката од Сасекс за прошетка и посета на сиромашното локално население го тргна дури и скапоцениот свршенички прстен кој се проценува на околу 170 илјади долари, што досега никогаш не се случило.
Во продолжение погледнете уште едно издание на војвотката од нејзината посета во Африка во кое носи парчиња достапни и за нас „обичните смртнички“.