Денеска е Св. маченик Никита.
Свети Никита по потекло беше Гот. Во негово време готскиот кнез Атанарик започна гонење на христијаните во својата област. Меѓу оние што не сакаа да се откажат од Христа се најде и овој свет маченик.
Неговите чудотворни мошти беа положени во црквата подигната во негов спомен. А пострада и се прослави овој чудесен маченик во 375 година.Свети великомаченик Никита, светител со голем култ во скопско.
На светиот великомаченик Никита голем храм му е изграден на падините на Скопска Црна Гора. Светата Христова црква празнува повеќемина светители со името Никита.
Светиот великомаченик Никита, на кого му е изграден храм на падините на Скопска Црна Гора и чиј спомен се празнува следниот ден по Крстовден односно на 28/15 септември, живеел во четвртиот век. Се истакнал со ширењето на христијанството меѓу Готите коишто живееле по течението на реката Дунав.
Кога во борбите меѓу неверникот и прогонувач на христијанството Атанарих и христијанинот Фритигери победил овој вториов, со помош на византијската војска, свети Никита држел испиративни говори за христијанството, а ги разобличувал неверниците особено Атанарих, со што многумина придобил за својата вера.