Не сум на овој свет секогаш да ги исполнувам туѓите очекувања
Не сум на овој свет за да жалам за некој или нешто. Кога последен пат жалев за некој, многу брзо сфатив дека жалам за себе без тој некој, а не таа личност. Не сум тука да ги исполнувам туѓите очекувања, да се жалам, да ги пропуштам шансите…

Не сум тука да бидам секогаш одлично расположена и насмеана, затоа што имам и периоди кога сум тажна, а не сакам да глумам. Не сум на овој свет само за да работам. Сакам да имам време и да одморам, да прошетам и да бидам со оние кои ми значат. Сакам да се забавувам, да заведувам, да не се мешам во туѓи животи, а и другите да не се мешаат во мојот.
Сакам да станам и да не чувствувам обврска да си ја ставам маската за да излезам. Сакам да бидам она што сум и на светот да му го покажам моето вистинско лице. Не можам повеќе да им го нудам на луѓето она што сакаат да го слушнат или она што сакаат да го имаат, а притоа да се изгубам себеси и да се затворам во лавиринтот од кој тешко се излегува.
Не сум на овој свет да вегетирам. Јас сум овде за да живеам, да бидам и тажна и среќна, да бидам и дама, но и неуредна девојка која знае да спие со денови. Едноставно е – сакам да го изразам моето вистинско ЈАС, без очекувања, без преправања, без лаги!