Вагата е хороскопски знак кој секогаш ви го кажува она што сакате да го чуете.
Тие прекумерно размислуваат и тоа честопати им влијае на нивната љубовна врска. На долг рок тоа им влијае многу негативно. Вагите по секоја цена настојуваат да бидат сакани и да ја заслужат љубовта на нивните блиски. Ако сте Вага, запаметете дека љубовта никој не би требало да го чини ништо, туку едноставно треба да се случи. Ако таа не се случи поради вас, онакви какви што сте, никаква сума пари или подароци нема да го променат тој факт, затоа не треба премногу да се трудите. Романтичните гестови се одлични, но претерувањето ќе доведе до тоа луѓето да почнат несвесно да ве искористуваат.
Вагите уживаат да бидат во романтични врски и ним им е тешко да се справат со животот кога се сами. Но, кога не сте во врска, тогаш најдобро можете да сфатите што навистина сакате од љубовните врски, а и што ви е потребно за да живеете исполнет живот. Обидете се да бидете сами одредено време, за да можете да сфатите кои сте, што сакате и на кој начин можете да го постигнете тоа.